October 31, 2020 18:03
Свет

Шпанскиот Врховен суд пресуди дека Тора мора да си замине од функцијата премиер на Каталонија

Врховниот суд на Шпанија денеска ја потврди одлуката со која се бара претседателот на каталонската Влада Ким Тора (56) да си замине од функцијата, затоа што во декември беше осуден на една и пол година забрана за извршување јавна функција.

Централното изборно собрание, административно тело надлежно за избори во Шпанија, пред една недела објави дека акредитацијата на Тора за пратеник избран во Парламентот на Каталонија не важи и дека мора да ја напушти функцијата премиер на Каталонија, која ја презеде после регионалните избори во Каталонија одржани на 21 декември во 2017 година.

Тора вложи жалба до Врховниот суд, кој денеска ја отфрли, а каталонските партии кои се залагаат за независност најавија дека ќе го поддржат за останување на функцијата.

Конечното решавање на случајот може да се случи за неколку недели, јавија агенциите.

Високиот суд на правда на Каталонија го осуди Тора во декември поради тоа што за време на предизборната кампања одби да ги отстрани од јавните места симболите за поддршка на затворените поддржувачи на независноста.

Тора го обвини судот за пристрасност, нарекувајќи ја пресудата „политички процес” и ја обвини Шпанија за „прогон, криминализација и обид за укинување на владата на Каталонија”.