September 25, 2021 05:15
Спорт

Шпанија против Јапонија, Бразил со Мексико во фудбалското олимписко полуфинале

Фудбалската репрезентација на Бразил e последниот полуфиналист на Олимписките игри во Токио откако во четвртфиналето беше подобар од Египет.

„Кариоките“ славеа со минимални 1:0, а човек на одлука беше Куња кој единствениот гол го постигна во 37. минута. Противник на Бразил во полуфиналето ќе биде Мексико кој со 6:3 ја победи Јужна Кореја.

Во второто полуфинале ќе играаат Шпанија и Јапонија.Репрезентацијата на Шпанија беше подобра од Брегот на Слоновата коска во четвртфиналето. „Фуријата“ на доста среќен начин стигна до победа од 5:2 по продолженијата, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 2:2.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи уште во 10. минута го отвори резултатот во корист на Брегот на Слоновата Коска, а Шпанија во 30. минута израмни преку Дани Олмо. Потоа следеше период без голови, но со возбудливи моменти и на двете страни, за во финишот да се случи вистинска драма.

Прво, во 91. минута капитенот на Брегот на Слоновата Коска, Гардел, постигна гол за 2:1 и голема радост на африканската земја. Кога многумина помислија дека тука е крајот, резервистот Рафа Мир во 93. минута израмни и го однесе натпреварот во продолженија. Во продолженијата истиот играч ја имаше главната улога затоа што постигна уште два гола и комплетираше хет-трик, а еден гол даде и Ојарзабал за целосен пресврт на „фуријата“ и убедлива победа од 5:2.

Домаќинот Јапонија која славеше над Нов Зеланд по подобро изведување на пенали.
Наптреварот во регуларниот дел и во продолженијата заврши без голови по што Јапонците во пенал рулетот погодија четири пати преку Уеда, Итакура, Накајама и Јошида, додека Нов Зелад даде само два гола (Вуд и МекКоват).

The Island of Giant Insects Movie Episode Full

Ushio and Tora: Comically Deformed Theater (Dub) (https://gogoanime.be/m/aWaW) Episode Full

Love Hina Spring Movie Episode Full

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

Methodspace: https://www.methodspace.com/members/kissanimemx/profile/

Gab: https://gab.com/animefreakws