January 21, 2021 10:00
Свет

Шпанија парализирана од снежнo невреме

Шпанската влада во понеделник ќе испрати конвои со вакцини против Ковид-19 и залихи на храна во областите отсечени по невремето „Филомена“, што донесе најголеми снежни врнежи во последните неколку децении низ цела централна Шпанија, при што загинаа четири лица.

Повеќе од 430 патишта се завеани, а стотици патници останаа на аеродромот Барајас во Мадрид, од каде летовите беа откажани од петокот, но беше најавено дека наскоро постепено ќе се нормализира воздушниот сообраќај.Метеоролозите предупредуваат на опасни временски услови во наредните денови, а следната недела се очекува пад на температурите до минус 10 степени, пренесува Ројтерс.

„Потребно е да се обезбедат здравствени материјали, вакцини и храна и да се отвори патот за испорака на стоки“, вели министерот за транспорт, Хозе Луис Абалос. Околу 100 работници и клиенти поминаа две ноќи спиејќи во трговски центар во Мајадахонда, град северно од Мадрид, откако во петокот остана заробен од снежна бура.

Возовите од Мадрид, кои беа откажани во петокот, започнаа да сообраќаат денес.Државната агенција за метеорологија (Аемет) потврди дека во саботата паднале меѓу 20 и 30 сантиметри снег во Мадрид, што се нема случено од 1971 година.

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (https://animeheaven.pro/m/0rrp) Episode 2 at AnimeHeaven animeheaven boruto

Sword Art Online: Progressive Movie - Hoshi Naki Yoru no Aria (https://kissanimeonline.com/m/gjL2) Episode 2 Preview at website https://kissanimeonline.com kissanime list