September 18, 2021 15:55
Свет

Шојгу: Мисијата на НАТО во Авганистан не успеа, сега има активно движење на ИД

 Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија регистрира активно движење на милитантите на терористичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Авганистан.
Шојгу изрази надеж дека ќе се постигне национален договор во Авганистан, но во исто време гледа активни единици на ИД кои се движат од териториите на Сирија и Либија, јави агенцијата ТАСС.
На 29 декември 2014 година, Врховниот суд на Русија ја прогласи Исламска држава (ИД) за терористичка организација, а активностите на екстремистичките организации се забранети во Русија.
Министерот Сергеј Шојгу ја коментираше и неуспешната мисија на САД и НАТО во Авганистан.
– Настаните во северните погранични области на земјата и масовноста покажуваат дека договорот меѓу САД и талибанците на Исламската држава (ИД) не се исполнува, рече Шојгу.
Тој додаде дека посебна загриженост предизвикува фактот дека „ИД и другите меѓународни терористички групи ги зајакнуваат своите позиции во Авганистан, што ја зголемува нивната закана да навлезат во соседните земји”.
– Затоа, мора да констатираме дека американската и НАТО мисијата во Авганистан не успеаја”, додаде Шојгу. 

Website https://animetv.cc: Watch D4DJ Petit Mix animetv Episode 26 anime tv saitama

AnimeFLV: Genji Monogatari anime episode Full online free at https://animeflv.uk watch anime dub

Pokemon: Pikachu's Pikaboo (Dub) (https://animekisa.in/m/DLdY) Episode Full

Sword Gai The Animation Part II (Dub) Episode 12

Lotus: https://lotus.vn/w/photoblog/animefreak-330295610638860288.htm

Community getvideostream: http://community.getvideostream.com/user/animeflixnl