April 3, 2020 18:45
Свет

Шојбле им одаде почит на полските војници во Втората светска војна

Претседателот на Долниот дом на германскиот Парламент Вофганг Шојбле  им одаде почит на полските војници кои успеале да му се спротивтстават на големиот напад на нацистичката војска на почетокот на Втората светска војна.

Зборувајќи на 80-годишнината од завршувањето на битката за Визна, Шојбле ја спомена херојската одбрана на неколкуте илјади војници од супериорната сила од 10.000 германски војнци, пренесоа американските медиуми.

Претседателот на германскиот Бундестаг, кој е член на Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, кажа дека Полска во 1939 година станала „првата жртва во историјата на тотогаш незабележаната кампања на деструкција водена од расна идеологија”.

Тој напомена дека Полска претрпела големи човечки загуби, разурнувања на главниот град и голем дел од земјата, како и уништување на Евреите, во текот на Втората светска војна.