Свет

Шолц: Преговорите за безбедност со Русија се сложени, но неопходни

Преговорите на западните земји со Русија за безбедноста се сложени, но еднакво неопходни за постигнување заедничка безбедност во Европа, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Важно е и што сега гледаме многубројни преговарачки формати – меѓу Русија и САД, во рамките на советот Русија – НАТО, се водат преговори во ОБСЕ, во обид да се најде конструктивен начин. Тешко е – сите го гледаат тоа. Но, тоа е еднакво важно“, рече Шолц на прес-конференција во Берлин по разговорите со холандскиот премиер Марк Руте.

Во средата во Брисел се одржа состанок на советот Русија – НАТО. Средбата следуваше по разговорите за безбедносните гаранции меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, одржани 9-10 јануари во Женева.

Во четвртокот, по седницата на советот Русија – НАТО, се одржаа консултации за виенската платформа на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Повод за разговорите е нацрт-договорот за безбедносните гаранции што Москва во декември го испрати до Вашингтон и неговите сојузници.

Русија постојано ги негира обвинувањата на Западот и Украина за агресивни дејства велејќи дека никому не му се заканува и нема намера никого да нападне, а изјавите за руска агресија се користат како изговор за трансфер на уште поголема воена опрема на НАТО во близина на руската граница.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatcher app That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

AniWatch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Entertainment District Arc Episode 5

stream anime online Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 5

One-Punch Man

tải go88