December 10, 2022 00:34
Свет

Шолц: Неуспесите на руската војска се причина за мобилизацијата

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека воените неуспеси во војната на Русија против Украина се причина за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да мобилизира стотици илјади резервисти.

– Сето ова може да се објасни само со фактот дека рускиот напад врз Украина не е успешен, изјавил портпарол на владата во Берлин, цитирајќи го Шолц, јави ДПА.

Руската војска беше принудена да се прегрупира откако се повлече од Киев и не го постигна посакуваниот исход во источна Украина, рече портпаролот.

– Ова е видлив знак дека Украина е многу ефикасна во одбраната на сопствениот интегритет и суверенитет, не само поради огромната и голема поддршка од многу земји во светот, особено Германија, рече портпаролот.