August 12, 2022 02:33
Македонија

Шолц: ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија

Германскиот канцелар Олаф Шолц пред Бундестагот изјави дека не е изненаден што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија да одат на него. Шолц пред парламентарците рече дека по толку неостварени ветувања за овие земји, не е изненадување што се случуваат такви работи пишува dw.com .

„За малку немаше да се одржи утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан. И искрен да бидам, тоа не треба никого да изненадува“, рече Шолц.

„Кога ќе разбудите очекувања, кога ќе им кажете дека патот кон ЕУ се исплаќа, кога ќе се преземат напори, и ќе се ризикуваат политички конфликти во сопствената земја, една земја- Северна Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција, и сето тоа ништо не помага и ништо не се придвижува, тогаш е сосема разбирливa вознемиреноста која ја чувствуваат политичките раководства и граѓаните и граѓанките на овие земји.”

Шолц прогнозираше дека поради тоа, утрешниот самит во Брисел со земјите од Западниот Балкан „нема да биде едноставен“.
„Но затоа Германија мора јасно да се позиционира за да знаат: Германија е на ваша страна“, рече Шолц.

Тој изрази надеж дека „сите ќе излезат од своите сенки и ќе ја сфатат својата одговорност”.
„ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија.“