December 3, 2022 11:26
Свет

Шолц во посета на Саудиска Арабија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска допатува во Саудиска Арабија, од каде ја почнува турнејата по трите заливски држави во обид да воспостави енергетско партнерство.

Шолц денеска ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, како и со група саудиски жени.

Саудиска Арабија е на второ место по производството на нафта во светот, а на прво место се САД.

Шолц потоа патува за Обединети Арапски Емирати, а утре ќе го посети Катар.

Се очекува Шолц да потпише договори, посебно во ОАЕ, од каде Германија планира да се снабди го течен природен гас.