August 14, 2022 21:02
Спорт

Шок на „Енфилд“, Ливерпул ќе мора да го продаде и Салах?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул не може да најде заеднички јазик за продолжување на соработката со првата ѕвезда, Мохамед Салах. По ова, можно е дури и да дојде до разделба до крајот на летниот преоден рок.

Салах ќе влезе во последната година од договорот со „црвените“, а се помали се шансите за нов договор. Ова ќе го примора Јирген Клоп да даде дозвола Египќанецот да го напушти „Енфилд Роуд“.

Британските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид и ПСЖ се клубовите кои веднаш би се вклучиле во трката за Салах, а Ливерпул би морал да се согласи и на продажба за околу 70 милиони евра.