October 1, 2020 14:40
Спорт

Шок во Манчестер: Сити доби двегодишна суспензија во ЛШ

Англискиот фудбалски прволигаш, Манчестер Сити  доби двегодишна суспензија од Лигата на шампионите и парична казна од дури 30 милиони евра од Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Дисциплинците при УЕФА  одлучија дебелот да го казнат премиерлигашот, а причините за тоа се сериозни прекршувања на финансискиот фер-плеј и правилата на УЕФА за лиценцирање. Оваа казна дефинитивно е голем удар на „граѓаните“ кои имаат право да се жалат до Судот за спортска арбитража во Лозана.

Од Сити веќе се огласија и порачаа дека се разочарани, но ни и изненадени, па притоа порачаа дека ќе направат се за да докажат дека се чисти, а за тоа ќе ја искорисат секоја опција која им е на располагање.