December 10, 2022 05:57
Балкан

Шмит во изборната ноќ во БиХ го изменил изборниот закон во полза на Хрватите

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, во неделата ненајавено наметнал измени на изборниот законик кои се однесуваат на составот и функционирањето на Домот на народите на парламентот на Федерацијата БиХ кои одат во при, објавија медиумите по затворањето на избирачките места.

„За судбината на оваа земја клучно е повеќе да нема блокади. Поради тоа наметнав мерки кои ќе ја унапредат функционалноста на институциите во Федерацијата БиХ“, стои во изјавата на Шмит објавена во вечерните часови на мрежните страници на неговата канцеларија (OHR). Се додава дека таа одлука не влијае врз спроведувањето на резултатите од изборите одржани во неделата.

Високиот претставник појаснува дека со својата одлука го зголемил бројот на пратениците во федералниот Дом на народите со што овозможува распределба на мандатите така што се исправува презестапеноста на секој од трите конститутивни народа во некои жупании (административни единици) за што се зборуваше во пресудата на Уставниот суд на БиХ во случајот „Љубиќ“, како и во неко други пресуди.

Покрај тоа, сега првпат лицата кои не се изјаснуваат како припадници на конститутивните народи од сите жупании можат да бидат застапени во Домот на народите на Федерацијата БиХ. Таквите одлуки, како што наведува Шмид, имаат цел да се спречи парализирање на Федерацијата БиХ по изборите.

Поединостите од измените се потврдени на страницата на OHRR, според нив, во иднина федералниот Дом на народите ќе се состои од три пратенички групи на конститутивните народи кои наместо досегашните 17 ќе ги сочинуваат по 23 пратеници, додека групата на пратениците на националните малцинства наместо седум во иднина ќе ја сочинуваат 11 пратеници.

Исто така, во иднина квалификувано мнозинство за предлагање на претседателот и потпретседателот на Федерацијата БиХ ќе ја сочинуваат 11 наместо досегашните шест пратеници од ненационалните пратенички групи, а на тој начин им се дава јасна предност на пратениците кои во пратеничката група на Хрватите доаѓаат од деловите на БиХ со хрватско мнозинство.

Доколку предлогот со 11 пратеници не би бил прифатен, тогаш квалификуваното мнозинство на предлагачите би се намалило на седум, па на четири пратеници.

Претходната одредница според којашто шест пратеници сочинуваа квалификувано мнозинство за предлагање на носителите на извршната власт отвораше можност тој контролен пакет да го добија и пратеници од Хрватите избрани во Домот на народите од листата на граѓанските, но и од бошњачките партии, што предизвикуваше големо незадоволство во хрватските партии.

Со оваа одлука на Високиот претставник всушност се спроведува одлуката на Врховниот суд на БиХ од 2016 година, по жалбата на Божа Љубиќ кога е утврдено дека Домот на народите не е дом на жупаниите, па е неопходно од секоја од нив да биде делегиран барем по еден претставник на секој од трите конститутивни народа.

Шмид во својата изјава истакнува дека неговата одлука на ниеден начин не влијае врз спроведувањето на резултатите од гласањето на изборите од 2-ри октомври, но дека изборната реформа мора да продолжи.

„Ова не е и не може да биде широка реформа на изборниот законик која допрва треба да биде спроведена“, наведува Шмит додавајќи дека останува подготвен во тоа и лично да учествува во претстојниот период.