Свет

Шмит: Ако не го исполни ветувањето кон Вучиќ, Додик ќе биде во тешка ситуација

Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит изјави дека српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) донел одлука за деблокирање на работата на БиХ. институции, пренесува Бета.

– Додик донесе одлука да се врати во институциите, ако не го исполни тоа што му го вети на (српскиот претседател Александар), Вучиќ, ќе биде во тешка ситуација, изјави Шмит за сараевската телевизија „Фејс”.

Тој додаде дека „бонските овластувања” се уште се во фиока, додавајќи дека неговите овластувања не се само за да отстрани некого од функцијата и дека „Додик тоа го знае”.

 

– Се знае како Додик е доведен на власт. Се што е насочено против Дејтон ќе биде санкционирано. Меѓународната заедница, ЕУ, САД и високиот претставник се на иста страна, нагласи Шмит.

Тој понатаму рече дека „не е прашање каква зделка ќе се направи со Додик”, туку се работи за тоа што тој „мора да седне и да си ја работи работата”.

– Не ми треба признанието на Додик. Иако не зборува со мене, Додик постојано зборува за мене. Не сум му безначаен. Мораме да работиме на тоа иднината во БиХ да се одвива без Додик. На Додик не треба повеќе да се смета, истакна Високиот.претставник во БиХ.

free anime online. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 31

AnimeHeaven Kiss x Sis (TV) Episode 5

Horimiya (Dub) Episode 10

That Time I Got Reincarnated as a Slime

anime heaven au Tokyo Revengers