Спорт

Шкендија уште еден чекор поблиску до титулата, Беласица го изненади Шкупи

Лидерот во македонската фудбалска прволигашка конкуренција Шкендија направи уште едне чекор поблиску до осовојување на нова шампионска титула, четврта во клупската историја. Во прекуредното 27. коло тетовските „црвено-црни“ го освладаа составот на Академија Пандев (1:0) со погодокот на Бесарт Ибраими. Теоретски да ја обезбедат титула ги делаа уште шест бода. За Шкендија да биде поблиску до трофејот придонесе и вториот струмички прволигаш Бесласица, кој сите го отпишаат бидејќи е цврсто закован за дното, а тој приреди изненадување совладувајќи го второпласираниот Шкупи (0:1). Стрелец на голот беше Бењамин Демир.

Македонија Ѓорче Петров со два гола на Самир Фазли го победи Борец со 2-1 и се зацврсти на третото место доближуваќи му се на Шкупи на само два бода. Конкурентите Струга Трим Лум и Работнички ремизираа (1-1) па „лавовите“ дополнително им побегнаа во трката за третата позиција која носи настап на меѓународната клупска сцена. Стружани поведоа преку Филип Миленковски, а Марио Станковски израмни после 13 минути во вториот дел од мечот.

Пелистер со комплетен резултаски пресврт го совлада Силекс (3:2). Силекс поведе со 2:0 со двата  гола на Горгиев. За да потоа Драгарски, Илијовски и Нето стрелаа за битолчани да дојдата до три бода. Во дербито за бекство од дното Вардар и Ренова ремизираа (1:1) и остнаа на истите позции со еднаков број на бодови. Вардар може да жали по останатите два бода зошто имаше зицер во финишот. Јашароски и донесе водство на Ренова, а Мирчевски  постигна израмнувачки гол за Вардар.

Резултати: Македонија ЃП – Борец 2:1, Пелистер – Силекс 3:2, Шкендија – Академија Пандев 1:0,
Шкупи – Беласица 0:1, Струга Трим Лум – Работнички 1:1, Вардар – Ренова 1:1.

Табела: Шкендија 62 бода, Шкупи 49, Македонија ЃП 47, Струга Трим Лум 41, Работнички 40, Пелистер 35, Борец 33, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 28, Вардар 28, Беласица 17.

AnimeTV darling in the franxx anime tv: One Punch Man Episode 12

AniWatch watch anime online: The Misfit of Demon King Academy (https://aniwatch.pro/m/4Wd0) Episode 13