November 24, 2020 08:08
Спорт

Шкендија отпатува за Романија да ја потврди фаворитската улога

Фудбалската експедиција на македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија утрово отпатува за Романија, каде утре (17.45 ч.) со домаќинот Ботошани ќе го игра мечот од 2. квалификациско коло за пласман во групната фаза во второто по ранг клупско натпреаврување Лига Европа. Шкендија според рејтингот е фаворит и тоа ќе треба да го докаже на теренот. Романскиот тим за кој настапуваат поранешните младински и повремени сениорски репрезентативци на Македонија, Стефан Ашковски и Давид Бабунски ќе ја има предноста на домашниот терен. Пресметката поради пандемијата од коронавирусот и забрзаниот ритам да се фати чекор со термините за одработување на сезоната, е во еден дуел. Место за поправен нема.

Ждрепката одлучи Шкендија да биде гостин како и во првото квалификациско коло кога го совлада во Азербејџан домашниот Сумгаит (2:0). Тетовските „црвено-црни“ се поискусни, имаат повеќе  натпревари на меѓународната сцена, за разлика од Ботошани, кој ќе го игра само четвртиот меч во европските купови.