Свет

Шири штетни дезинформации, подржува терористи, Етиопија бара СЗО да го истражи Гебрејесус

Етиопија побара од Светската здравствена организација да го истражи нејзиниот генерален директор.

Етиопското Министерство за надворешни работи ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да го испита нејзиниот генерален директор Тедрос Аданом Гебрејесус за наводна поддршка за бунтовничките сили кои се борат против етиопската влада.

Гебрејесус, поранешен министер за здравство и министер за надворешни работи на Етиопија, претходно оваа недела рече дека пристигнувањето на помош во неговиот роден регион Тигра, каде бунтовничките сили се борат против централната влада, е блокирано.

Моралната, правната и професионалната положба на Гебрејесус го загрози организацискиот статус на СЗО, се вели во соопштението на Етиопија.

„Тој шири штетни дезинформации и ги загрози угледот, независноста и кредибилитетот на СЗО, што се гледа од неговите објави на социјалните мрежи“, се вели во соопштението.

СЗО изјави дека се запознаени со дипломатската вербална нота и додаде дека ќе продолжат да бараат од владата на Етиопија да овозможи испорака на хуманитарна помош и услуги до седум милиони луѓе во Тигреја, Етиопија.

СЗО и нејзините партнери постојано повикуваат на итен и непречен пристап за испорака на хуманитарни здравствени материјали и услуги за жителите на Тигра, изјави Светската здравствена организација за Ројтерс.

animedao. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

english anime Black Clover

Record of Ragnarok

animedao AnimeDao Fairy Tail

AnimeDao Bleach (Dub) Episode 364

stream anime online AnimeDao JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)