Скопје

Шилегов: Со развојот на инфраструктурата ги подигнавме цените на становите во Чаир и Бутел

„Имавме идеен проект за клучката Момин Поток, која сега ја работиме, сообраќајно решение нацртано на хартија и продажба на земјиштето на Лимак со обврска на Лимак заедно со градот да се изработи тој подземен тунел. Целата градежна документација, целото проектирање, тендерските постапки на градежна куќа која ќе го изврши дизајнот, односно проектирањето, се работи кои ги завршивме во овие 4 години и тоа се сложени работи“, вели Шилегов.

Градежната дозвола за изработка на тунелот под Лимак ја потпиша Шилегов во втората половина на 2018-та година. Проектот за тунелот беше во застој и по неколку координативни средби на Град Скопје со Лимак и по речиси 6 години се започна со реализација.

„Скопје не е веќе ист град. Недвижностите на луѓето во северниот дел на нашиот град во Чаир, во Бутел, па дури и зафрлените делови во Карпош, се покачени за 30%. Тоа се случува затоа што институцијата конечно пружила тоа што треба да го добијат граѓаните. Тоа е должноста на градоначалникот“, додаде Шилегов.

Според Шилегов, во Чаир 50 години никој не ја поставил основната инфраструктура по чиј основ може да се развива општината понатаму.

„Она што сега го правиме се гледа. Тоа е поставување на основна инфраструктура. Кога ќе ја развиете основната инфраструктура, секундарната сама по себе има можност за развој. Она што јас го зборував како градоначалник го имаме дефинирано. Тоа се последните остатоци на Османлискиот урбанизам. Тука треба влезете во интензивен развој на инфраструктурата и тоа е процес којшто не е едноставен“, потенцира Шилегов.

anime stream. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 4

4Anime Death Note (Dub) Episode 34

Attack on Titan Season 2

Naruto (Dub) Episode 219