October 17, 2021 10:27
Македонија Скопје

Шилегов: Со воведување на БТР системот влегуваме во изградба на најголемата пешачка зона во регионот

Покажавме дека имаме визија за развојот на Скопје и покажавме дека знаеме како да ја реализираме. Доволно е само да го споредиме реализираното со она што некој претходно го направил или некој друг ветува дека ќе го направи, разликите се повеќе од очигледниСкопје за четири години од сега ќе биде побогато за два нови моста и за клучката кај Момин Поток- капитален проект каков што не е направен во последните 40 години во нашиот град. Многу други помали проекти ќе бидат дел од мојата програма која планираме да биде промовирана на официјалниот почеток на изборната кампања, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за 24 Инфо.

Влегувате во трка за својот втор мандат, зошто мислите дека граѓаните треба да ви ја дадат довербата по втор пат да бидете Градоначалник на Скопје?

Реакциите на граѓаните за мене претставуваат најголемата потврда дека сме на вистинскиот пат. Мојата визија за развојот на Скопје ја претставив пред граѓаните на изборите пред четири години. Довербата ја добив заради тоа што таа визија беше значително подобра од останатата понуда. Изминативе четири години заедно со мојот тим посветено работевме на реализацијата на таа визија и на мое големо задоволство најголем дел од проектите денес или се целосно завршени или се донесени до точка до која нивното завршување станува извесно. Покажавме дека имаме визија за развојот на Скопје и покажавме дека знаеме како да ја реализираме. Доволно е само да го споредиме реализираното со она што некој претходно го направил или некој друг ветува дека ќе го направи, разликите се повеќе од очигледни.


Кои се најважните проекти реализирани кои ги реализиравте изминатите 4 години?

Четирите нови булевари изградени во само еден мандат (АСНОМ, Босна и Херцеговина, Никола Карев и Христијан Тодоровски Карпош) се нешто што на Скопје последен пат му се случувало во годините по земјотресот. Двата нови мостови на Вардар, оној на АСНОМ, кој е скоро готов и оној на Љубљанска, кој неодамна започна да се гради. Почетокот на изградбата на Клучката кај Момин поток заедно со клучката кај булеварите Словенија и Хасан Приштина. Враќањето на Дрисла во рацете на градот, заедно со отворањето на АД ГЕС и ЈП Лајка се исто така огромен чекор напред. БРТ системот на брз автобуски превоз за кој склучивме договор со ЕБРД за кредит од 70 милиони евра како супститут на трамвајот кој повеќе од 40 години го чекавме е можеби најголемиот проект кој го доведовме до точка од која нема враќање. Реконструкција на објектот на Универзална сала во постојниот облик и габарит, каква што ја паметат скопјани е уште еден голем проект. Ги срушивме сите рекорди во нови зелени површини, нови паркови на местата на поранешни депонии и диви паркиралишта, 7 нови урбани скверови, реконструиран кејот 13 Ноември и плочникот пред ГТЦ, 2 нови зелени покриви, на ГТЦ и на Дом на градежници, започнат трет на Мавровка, 2 пампрак поликони, нова тартан патека и обновени сите мостови во Градскиот парк. Велосипедската мрежа во градот надмина 110 километри, а од непрописно паркирани возила ги ослободивме сите тротоари на главните градски улици.


Градењето на нови и реконструкцијата на постојните булевари и улици го одбележа вашиот прв мандат. На кои улици се работи оваа сезона?

Во моментов се гради делот од бул. АСНОМ кој се наоѓа во Керамидница, при крај е мостот на АСНОМ, во тек е пробивањето на бул. Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, при крај е пробивањето на ул. Есенинова, на почеток се бул. Васко Карангелески, клучката кај Момин поток, новиот мост на Љубљанска, на бул. Киро Глигоров работиме на промена на атмосферска и фекална канализација, се реконструираат бул. Крсте Мисирков и ул. Лука Геров, при крај се велопатеките на булеварите Видое Смилевски Бато и Александар Македонски, на повеќе локации се менува уличното осветлување со „паметно“ ЛЕД осветлување.


Доколку ја добиете довербата на граѓаните на кои проекти планирате да работите во следните 4 години?

Скопје за 4 години од сега ќе биде побогато за 2 нови моста, на Љубљанска и на АСНОМ. Клучката кај Момин Поток капитален проект каков што не е направен во последните 40 години во нашиот град, исто ќе биде завршена. Универзална Сала ќе биде реконструирана, новиот Луна Парк конечно ќе се реализира. Јавниот сообраќаен превоз ќе биде целосно трансформиран со воведување на БРТ системот на брз автобуски превоз, тоа ќе доведе до изградбата на најголемата пешачка зона во Европа сместена во центарот на нашето Скопје. Многу други помали проекти ќе бидат дел од мојата програма која планираме да биде промовирана на официјалниот почеток на изборната кампања.

Поврзани вести

Нови 395 заразени и 14 починати од КОВИД-19

Dragan Nikolovski

Дијана Хркаловиќ: Фатална полицајка која го штитела Беливук, сега Инстаграм ѕвезда обезбедувана од „гробарите“

Igor

Смилевски: Го сменивме ликот на Бутел за само четири години

Igor

https://animeflix.nl animeflix spirited away

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animeheaven.pro: Watch Saga of Tanya the Evil: Operation Desert Pasta animeheaven Episode Full anime websites

GoGoAnime: Through the Windows anime episode Full online free at https://gogoanime.be my hero academia season 4 gogoanime

Mydramalist: https://mydramalist.com/profile/animeflixnl

Gitlab redox-os: https://gitlab.redox-os.org/kissanimemx