October 26, 2021 00:31
Македонија

Шилегов: Од 2005 до 2017 нема децентрализација на општините

Во Македонија нема децентрализација туку има процес кој е започнат во 2005 и од тогаш до 2017 имаме целосен застој на процесот на децентрализација, во тој период буквално ништо не се случувало, рече градоначалникот на град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов. во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на тв Алсат.

-Во 2018 година и како ЗЕЛС и како Влада  решивме во дискусиите да спроведеме два вида на децентрализација на ингеренциите, а тоа е  функционална, за зголемување на ингеренциите на општините и фискална, делумно пренесување на приходите. Направивме  целосна анализа која вклучува дури и  локални патишта, примарна здравствена заштита, комунална полиција неопходни работи кои мора да ги има една локална самоуправа, потенцираше Шилегов..

Тој појасни дека во моментот не знае дали овој закон ќе може да биде изгласан бидејќи е потребно двотретинско мнозинство.

– Со законските измени предвидуваме и категоризација, задолжителни и надлежности кои може општината да ги преземе само ако созрее, појасни Шилегов.

На прашањето колку опозицијата е запознаена со овој процес и колку го поддржува Шилегов појасни дека за овие измени е дискутирано со сите општини и онаму каде е ВМРО-ДПМНЕ на власт.

-Во ЗЕЛС имаме Управен одбор каде еден од потпретседателите и формално член на групата за децентрализација е Митко Јанчев како претставник од ВМРО-ДПМНЕ.За жал требаше да имам епроцес за носење на законот до 2021 година, но имавме техичка влада, па се случи пандемијата и сека дојдовме на едно поинакво ниво со цел општините да се стекнат и со други извори на финансирање значи ДДВ-то и  персоналниот доход, затоа што парите на граѓаните кои ги плаѓаат во својата општина, треба да бидат инвестирани во истата односно мора да се дел од финансирањето, рече тој.

Шилегов очекува  законот за финасирање да биде ставен во собраниска процедура и пред овие избори.

AnimeHeaven: KUIYU CHOUYUAN anime episode Trailer online free at https://animeheaven.pro animeheaven bna

AniWatch Watch english anime Online in HD for FREE

GoGoAnime: Wooser's Hand-to-Mouth Life: Phantasmagoric Arc anime episode 13 online free at https://gogoanime.be god of highschool gogoanime

AnimeTV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Sites google: https://sites.google.com/view/animeflixnl/home

Onlineboxing: http://onlineboxing.net/jforum/user/editDone/110745.page