November 30, 2021 20:08
Скопје

Шилегов од Чаир: Рамномерниот развој на градот не смее да запре

„Скопје е град за сите. Во изминатите години Скопје за прв пат по повеќе децении се развива рамномерно во сите општини, во секоја населба, во секое маало. Затоа во Чаир во изминатите 4 години во развојот на инфраструктурата вложивме многу. Затоа што оваа општина на планот на инфраструктурата заостануваше зад останатите во градот. Затоа ги реконструиравме Македонско-косовска бригада, Џон Кенеди и Кемал Сејфула. Затоа ги направивме новите кружни текови, првите велопатеки во Чаир, затоа ги изградивме булеварите БиХ и Христијан Тодоровски – Карпош, затоа ги реконструиравме чаирските средни училишта, за Чаир повторно да стане дел од нашиот град“, изјави градоначалникот Шилегов на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

„Во идниот мандат заедно со Висар Ганиу ги пробиваме Цветан Димов и Џон Кенеди кои ќе станат главни артерии во Чаир и нивна врска со јужниот дел на градот. Овие два булевари ќе го растоварат сегашниот метеж кај Јаја Паша, истовремено нудејќи нови рути за БРТ, за останатиот јавен превоз, како и нови велосипедски коридори до Центар. Од особена важност е и фактот што на овој потег е предвидено да минува и втората траса на БРТ системот на брз автобуски превоз која ќе де движи од Бутел до Кисела Вода.

Новите и реконструирани сообраќајници сега се со прекрасно булеварско зеленило и модерно ЛЕД осветлување. Недостатокот од тротоари и велосипедски патеки во оваа општина се надомести со изградбата на околу 10 километри нови велосипедски патеки и околу 6 километри нови тротоари.

„Поради сето ова, недвижностите на луѓето во северниот дел на нашиот град во Чаир се покачени за 30%. Тоа се случува затоа што институцијата конечно пружила тоа што треба да го добијат граѓаните. Тоа е должноста на градоначалникот“, додаде Шилегов.

„Конечно на задоволство на сите нас, заедно со Општина Чаир, после 4 години посветена работа дојдовме до решение кое подразбира еден систематски пристап во справувањето со недостатокот на паркинзи во оваа општина. Во Чаир се наоѓаат најстарите населби во нашето Скопје кои во инфраструктурна смисла сè уште имаат задржано елементи од османлиски урбанизам кога не постоеле ниту автомобилите, ниту проблемот со нивното паркирање“, истакна Шилегов.

За таа цел, градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот Ганиу пред неколку месеци го започнаа и процесот на изградба на неколку катни гаражи во јавно приватно партнерство. А изградбата на булевари и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре, а приказната за европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи.

„Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа“, потенцираше Шилегов.

Website https://aniwatch.pro: Watch Bakuman. aniwatch Episode 25 watch anime

Watch Pokémon: Black & White (Dub) Episode 50

GoGoAnime: Samurai Harem anime episode 12 online free at https://gogoanime.be free anime

Berserk: The Golden Age Arc III - The Advent (Dub) (https://animekisa.in/m/ErvY) Episode Full

Animepahe: To Love Ru Darkness 2 Specials anime episode 2 online free at https://animepahe.cc anime websites