December 6, 2019 21:21
Скопје

Шилегов: Од понеделник ќе се возобнови дрворедот на ул. „Максим Горки”

Подигаме нов дрворед во срцето на Скопје. Нови 26 високо квалитетни јавори ќе го красат нашиот град, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, најавувајќи воедно дека в понеделник се возобновува и дрворедот со јапонски цреши на ул.„Максим Горки”.

ЈП „Паркови и Зеленило”, на барање на Општина Центар, вчера изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки”. Од Општината информираа дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.

-Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки” препознатлива и карактеристична. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, соопшти Општина Центар.

Нови вести

Проект “Мојот родител во улога на воспитувач во градинка“ во Општина Кисела Вода

Igor

ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ од Кисела Вода прослави 55 години постоење

Filip

Oтворена новата библиотека во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

Igor