August 20, 2022 01:00
Македонија

Шилегов не ги поддржал Спасовски и Николовски за министри во владата на Ковачевски

Дел актуелни министри ќе останат и во новата влада на Димитар Ковачевски, без да се направи сериозна анализа колку тие придонеле за поразот на СДСМ на локалните избори. Ова, според информации на „Слободен печат“, била главната забелешка на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов на седницата на Извршниот одбор на партијата.

 

Како што пишува „Слободен печат“, Шилегов иако не споменал имиња, алузијата била дека на Оливер Спасовски и на Љупчо Николовски не им е место во новата влада, бидејќи „не може за изборниот пораз да бидат виновни Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Венко Филипче и Петре Шилегов, а Спасовски како тогашен потпретседател на СДСМ и Николовски како генерален секретар и шеф на изборниот штаб да не понесат одговорност, туку да бидат наградени со нов мандат“.

 

 

 

Според информациите, на Извршниот одбор Шилегов бил воздржан за кадровскиот состав за новата влада, додека на Централниот одбор воопшто не говорел. Впечатливо е, дека на состаноците на партиските органи не присуствувале ниту еден од актуелните министри кои Ковачевски не ги стави на листата за новиот владин кабинет, односно на состаноците не дошле Шекеринска, Филипче, Царовска, Јагода Шахпаска и Ирена Стефоска.

Поврзани вести

Царина спречи шверц на 7 тони цвет од канабис вредни над 20 милиони евра

Igor

Tројца починати, нови 473 случаи на Ковид-19

Igor

Русковска: Ова не го сметам за моја туку за суспензија на правото и правдата

Igor