October 22, 2021 11:43
Скопје

Шилегов најави враќање на исечениот дрворед на „Климент Охридски“ – гордоста на скопјани!

Актуелниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов најави враќање на исечениот дрворед на Булеварот „Климент Охридски“. Булеварот „Климент Охридски“ во Скопје ќе се враќа на две коловозни ленти и пешачка зона со средишно зеленило, како што беше пред да се прошири.

Прекрасниот дрворед со липи и зеленило беше исечен во јуни 2011 година, заради реконструкција и проширување на булеварот. На 7 септември 2011 Коце Трајановски, Никола Груевски и Владимир Тодоровиќ официјално го пуштија во употреба булеварот „Свети Климент Охридски“, а тогашниот градоначалник на Скопје се фалеше дека булеварот добил „нов лик“. За разлика од него, скопјани го сметаа сечењето на липите како едно од најгрозоморните злодела, бидејќи за нив липите имаа посебна магија и емоција.

Од Град Скопје велат дека нема потреба булеварот да има три ленти, бидејќи трасата на „Бас Рапид Транзит“ (БРТ) нема да минува по „Климент Охридски“.

„Со проектот за Бас рапид транзит во овој дел нема да се движат возилата на новиот јавен превоз, туку трасата ќе оди до крај на булеварот Партизански одреди, потоа по улиците Даме Груев и Димитрије Чуповски кон „Рекорд“. Исто така, до воведување на БТР готов ќе биде булеварот Македонија, односно подземната сообраќајница кај Јужен булевар. Новиот јавен превоз заедно со новиот булевар ќе придонесе да се намали притисокот на возила во овој дел, со што се отвора можност повторно да се врати пешачката зона во средина заедно со ново зеленило“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Проектот БРТ предвидува изградба на комплетно нов мост „Обединети нации“, а и улицата Даме Груев нема да се проширува, туку ќе остане со две коловозни ленти и само ќе се реконструира. „Рекорд“ ќе стане пешачка зона – ќе може да се движат само новите еко-автобуси што ќе се набават со проектот за БРТ, за што е веќе обезбеден заем од 70 милиони евра. Со претворањето на „Рекорд“ во пешачка зона, Скопје ќе ја добие најголемата пешачка зона од сите градови во регионот.

4Anime: My Hero Academia: Make It! Do-or-Die Survival Training (Dub) anime episode 2 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation season 2

Watch Artiswitch Episode 6

Watch Otona no Bouguya-san (Rimen) Episode 3

Anime Twist - Watch anime online, English anime onlineAnime Twist - HD anime for free | TwistMoe

Os mbed: https://os.mbed.com/users/kissanimemx/

Recordsetter: https://recordsetter.com/user/gogoanimelol