February 26, 2021 19:54
Македонија

Шилегов: Комплексот Треска е државен проект и ова е почеток за негово враќање кон граѓаните

радоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното издание на „360 степени“ зборуваше и за случајот со рекреативниот центар Треска.

Тој вели дека за жал, ингеренции на Општина Сарај за езерото Треска иоколината се дадени со одлука на Советот на Град Скопје некаде во 2011 година во време на ВМРО-ДПМНЕ, а во 2017 година, тие се обиделе да дадат вредност на овој рекреативен центар да биде од државен интерес.

„Владата уште во 2017 година одлучи тоа место да стане туристичка зона, а со тоа задолжение доби Оптшина Сарај, да донесе детален урбанистички план и да се влезе во реализација. Тој се донесе и веројатно она што сега се случува на терен е имплементација“, вели Шилегов.

Вели дека кога треба да се работи проектот во кој е тесно вклучена заедницата потребно е да се повикаат тие луѓе и да им се објасни што точно ќе се случува. Тој додава дека сега „Треска“ е од државен интерес и ниту тој како градоначалник на Град Скопје, ниту Блерим Беџети како градоначалник на Општина Сарај, не можат сами да оперираат со тој систем.

„Она што сега се случува таму, претпоставувам, при крај се и разговорите со инвеститорите и ова е на еден начин почеток на враќање“,

рече Шилегов одговорајаќи на прашање околу неговото ветување од локалните избори во 2017 година дека „Треска“ ќе ја врати под надлежност на Град Скопје и граѓаните.

Во врска со критиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и повиците кон него да го реши проблемот со овој случај, Пилегов вели дека лицемерно е тој што го создал проблемот сега да повикува друг на одговорност.

„Лицемерно е што ме повикуваат како градоначалник на Скопје мене, а тие го создале проблемот пред 11 години“, додаде Шилегов.

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 9 at AnimeFreak my hero academia season 4 animefreak

The Irregular at Magic High School Episode 26 at website https://funimationfree.com food wars funimation