Скопје

Шилегов: Една нова димензија на градското зеленило

Шилегов: Една нова димензија на градското зеленило

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фесјбук профил објави фотографии од нови садници со нискостеблести дрва и зеленила на булеварот Кочо Рацин.

Тој вчера сподели фотографии од новиот дрворед, кој се сади во центарот на градот, пред влезот во Градскиот трговски центар.

Шилегов потсети и дека во понеделник ќе се возобнови и дрворедот со јапонски цреши на Максим Горки, за кои имаше остра реакција во јавноста по нивното сечење вчера.