November 29, 2021 18:25
Скопје

Шилегов до Арсовска: Вие сте должник на ДПМНЕ, на најкорумпираната политичка партија во историјата

На дебатата на „Канал 5“ телевизија, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и укажа на противкандидатката Данела Арсовска дека сериозно ги потценува скопјани кога се обидува да се себерепрезентира како независна кандидатка:

„Вие сте кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој што се обидува да ги изигра скопјани“, изјави Шилегов, покажувајќи јавно достапен документ од  Државниот завод за ревизија:

„Ова се финансиерите на вашата кампања. Сто триесет и пет илјади евра се уплатени за вашата кампања од истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем, и авто-сервис од Пробиштип. Имате луѓе што ве финансираат од Пехчево, од Вељуса, пратеници кои што се од ВМРО-ДПМНЕ“.

На прашањето на Арсовска зошто е тоа спорно, Шилегов одговори:

„Спорно е г-ѓо Арсовска затоа што вие не сте независен кандидат, вие сте продолжена рака на Христијан Мицкоски.“

Арсовска негираше, но Шилегов и го  достави на увид списокот на донатори?

„Вие сте должник на ДПМНЕ, на најкорумпираната политичка партија во историјата, затоа што они ве плаќаат… Чесно е на граѓаните на Скопје да им кажете дека вие сте политички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.“

„Но, не сум, но не сум“, повторно негираше Арсовска.

„Сте, ве плаќаат. Погледнете го списокот“, и реплицираше Петре Шилегов.

AnimeDao: Nyoron! Churuya-san anime episode 13 online free at https://animedao.nl anime sites

Website https://animeflv.uk: Watch Flame of Recca (Dub) animeflv Episode 42 stream anime online

Website https://animepahe.cc: Watch B't X (Dub) animepahe Episode 25 dubbed anime

AnimeKisa: Dragon Ball Z: Bojack Unbound anime episode Full online free at https://animekisa.in watch anime online

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD