September 21, 2019 17:22
Македонија

Шилегов да се откаже од набавка на нови коли, а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња, за да се пошумат опожарените места

Иако календарски сеуште сме лето, Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од  Град Скопје.

-Градот Скопје 2 години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов. Две години Шилегов, две години неработа, криминали, и назадување. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и екибани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.

За жал вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и екибани. Пожарникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а Скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух.

Неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите Скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите Скопјани. Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје. Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите, велат од Советничката група.

Нови вести

Земјотреси во Албанија почувствувани во Скопје

Igor

ВМРО ДПМНЕ дава предлози за да создава дупки во законите, тука им е скриената амнестија

Igor

ВМРО-ДПМНЕ: Акцијата на МВР е тотално фијаско

Igor