February 23, 2019 08:30
Општини

Шилегов: Во Визбегово ќе го прошириме капацитетот за бездомници

Во градот Скопје има 452 бездомни лица. Капацитетот во Визбегово во моментов може да згрижи околу 80 од нив.

 

– Заедно со Министерството за труд и социјална политика работиме на зголемување на тој капацитет. Тоа е нешто во што ние како Град и МТСП партиципираме да дадеме можност на нашите сограѓани кои се бездомници – истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска информациите за изградба на бегалски кампови во РМ, рече дека очекува оти оваа човечка димензија нема да биде злоупотребувана за политички дневни спинови.

– ВМРО-ДПМНЕ и дел од медиумите бегалски кампови во Република Македонија градат во последниве две години во моментот кога криминалното раководство на таа партија почна да го губи тлото под нозете со цел да се спаси од затворските казни и да направи хаос и страв кај народот, посочи Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите за изградба на кампови за бегалци.

Related posts

УЈП отвори шалтер во Кисела Вода

Valentina

“Вистината за ДУИ” – Таравари: Образованието во минатиот мандат – наставниците се плаќале и за Фејсбук

24news

Канцеларијата на УЈП во Аеродром до крајот на годинава ќе работи до 18 часот

Valentina