December 5, 2021 12:11
Скопје

Шилегов бара вонредна седница на Советот на Град Скопје по повод несреќата во Бугарија

Поранешиот скопски градоначалник, Петре Шилегов преку Фејсбук информираше дека побарал

-Денес од моите другари од советничката група на СДСМ побарав да соберат потписи за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје, а по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која што загинаа наши сограѓани. Скопје секогаш било и мора да биде град на солидарноста и хуманоста !!!, напиша Шилегов.