October 17, 2021 16:18
Македонија

Шилегов, Арсовска, Петровска, Шаќири и Георгиевски на јавна дискусија за младите и младинските политики

„Млади во фокусот на кандидатите за градоначалници за град Скопје на претстојните локални избори 2021″ е темата на јавната дискусија што ја организира денеска Здружението на граѓани „Младите можат”.

Во фокусот ќе бидат младите и младинските политики што ги предвидуваат кандидатите за градоначалници на град Скопје во своите програми за претстојните локални избори.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи” на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) што го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

Според најавата за јавната дискусија, учесници ќе бидат Петре Шилегов, Данела Арсовска, Ана Петровска, Арбен Шаќири и Петар Георгиевски.

По дискусијата, младите присутни на настанот ќе имаат можност да постават прашања и да остварат дијалог со панелистите, со цел да се дискутираат клучните приоритети за младите во град Скопје, во пресрет на локалните избори.

KissAnime: Blue Seed (Dub) anime episode 26 online free at https://kissanime.mx kissanime fairy tail

AnimeKisa: Toutotsu ni Egypt Shin anime episode 10 online free at https://animekisa.in dubbed anime

Watch Jyu-Oh-Sei: Planet of the Beast King (Dub) Episode 11

Watch anime online for free at 4Anime anime sites

Crokes: https://www.crokes.com/animefreakws/profile/

Credly: https://www.credly.com/users/gogoanimelol/badges