March 7, 2021 23:39
Магазин

Шејлин Вудли: Kомуникацијата е клучна за добар секс

Холивудската актерка Шејлин Вудли (29) вели дека клучот за добар секс е комуникација меѓу партнерите.

29-годишната актерка откри дека имала лош секс „повеќе од еднаш“ во животот, и додава дека најдобриот совет кога станува збор за ревитализација на нејзиниот сексуален живот е да биде „искрена и транспарентна“ со партнерот.

Во колумната Ask Her („Прашај ја неа“) за машката веб-страница „Лeo“, едно лице праша: „Ако сексот не е одличен, а врската цвета, дали ќе прекинете или ќе работите на тоа?“ Шајлин одговори: „Јас сум била во таква ситуација. И да бидам искрена, тоа се случи повеќе од еднаш во мојот живот.“

„Сè што можам да кажам од моја перспектива како жена што знае што сака и не се плаши да го каже тоа, е дека искреноста и транспарентноста се сè. Ако не се чувствувате безбедни во комуникацијата со вашиот партнер, тогаш големи се шансите, можеби никогаш нема да можете да негувате вистински сврзувачки сексуален живот. И, ако се чувствувате безбедно, тогаш зборувајте за вашите потреби. Без разлика дали тие се исполнети или не. Прашајте ги вашите партнери за нивните потреби“.

Sвездата на „Големи мали лаги“ рече дека изнаоѓање добра рамнотежа во врската може да одземе доста време, додавајќи дека повеќето луѓе немаат одличен секс сè додека не станат „вистински интимни“ едни со други.

So I'm a Spider, So What? Episode 3 at website https://kissanimeonline.com kissanime your name

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime OAD Episode 3 (https://animefreak.ws/m/obLm/ep-3) at website https://animefreak.ws. See more anime freak attack on titan