January 29, 2023 12:34
Балкан

Шефот не смее да му звони на телефон на работникот после работно време во Хрватска

Работодавецот или шефот не смее да му звони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил по работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во Хрватска кој е во второ читање. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе.

„Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај“, изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.

Работникот има право да биде недостапен по работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги по работно време, освен во случај на итна потреба.