Свет

Шефот на СЗО е против брзо укинување на ограничувањата поради пандемијата

Брзото укинување на ограничувањата наметнати од страна надржавите поради коронавирусот може да доведе до засилување на пандемијата и да предизвика сериозни економски загуби. Тоа го изјави денеска на брифинг во Женева генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Ако земјите набрзина ги укинат ограничувањата, коронавирусот може да се засили и економските последици би можеле да бидат посериозни и долготрајни”, рече тој.

Гебрејесус  додаде дека според информациите на СЗО, бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина еден милион, а бројот на починати е веќе над 50.000.