June 16, 2021 15:59
Свет

Шефот на ОН со предлог да се оданочува богатството стекнато за време на пандемија

Владите треба да размислат за „солидарно“ оданочување на поединците кои се збогатија за време на пандемијата на коронавирус за да се намали екстремната нееднаквост, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„Треба да се осигураме дека парите се насочени таму каде што се најпотребни. Најновите извештаи сигнализираат дека богатството на најбогатите луѓе во светот скокна за 5.000 милијарди долари во изминатата година”, рече Гутереш на состанокот на ОН за финансирање на развојот.

„Апелирам до владите да размислат за воведување на ‘солидарeн’ или данок на богатство за оние кои профитираа за време на пандемијата за да се намали екстремната нееднаквост“, нагласи Гутереш.

Тој повтори дека групата од 20 богати и големи економии треба да го продолжи мораториумот за сервисирање на долгот до 2022 година и да го прошири за да им помогне на економиите во развој и оние со средни приходи да се опорават од пандемијата.

WCOStream wcostream cartoons: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://wcostream.cc/m/2Are/ep-1)

4Anime 4anime website: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://4anime.biz/m/gX8) Episode 25