Шефот на т.н. Јеша Совет за израелски населби и на Регионалниот совет на Јорданската долина, Давид Елхајани, вчера објави дека се повлекува од владејачката партија Ликуд.
Елхајани изјави за „Инет њуз“ дека се приклучил на партијата „Нова надеж“ предводена од израелскиот политичар Гидеон Са’ар, обвинувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за уништување на Ликуд и напуштање на принципите на десничарските гласачи.
„Нетанјаху ги мами жителите на Јорданската долина и не ги исполнува своите ветувања за нејзино припојување“, додаде тој.
Се вели дека повлекувањето на Елхајани од Ликуд претставува сериозна поделба во партијата, што може да доведе до пад на шансите на Нетанјаху за формирање на следната влада.