Свет

Шефот на германската морнарица поднесе оставка поради изјавата дека Путин заслужува почит

Командантот на германската морнарица Кеј-Ахим Шонбах поднесе оставка поради коментарите што ги даде за Украина и рускиот претседател, Владимир Путин.

Тој рече дека идејата оти Русија сака да ја нападне Украина е бесмислена. Тој додаде дека сè што сака Путин е почитување. Шонбах изјави и дека Крим нем веќе никогаш да биде украински, што предизвика официјална реакција од Киев. Украина побара од Германија да се изјасни за изјавите на командантот, по што  Шонбах си поднесе оставка.

Тој образложи дека ја поднел оставката од својата функција за да спречи дополнителна штета. Неговиот коментар за Украин и Путин беше даден за време на дебата во Индија во петокот, а видеото подоцна беше објавено на социјалните мрежи.

Во видеото, Шенбах вели дека Западот мора да го третира Путин како еднаков. „Лесно е да му се даде почитта што ја бара, а веројатно и’ заслужува“, рече тој.

Украинското Министерство за надворешни работи ги опиша коментарите на Шонбах како „категорично неприфатливи“.

Неколку земји и’ доставија оружје на Украина, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, но Германија го одби барањето на Украина за муниција. Русија ги отфрли тврдењата дека има намера да ја нападне Украина.

Претседателот Владимир Путин упати барања до Западот за кои вели дека се однесуваат на руската безбедност, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на воената одбранбена алијанса на НАТО.

Тој, исто така, сака НАТО да се откаже од воените вежби и да престане да испраќа оружје во Источна Европа, сметајќи го тоа како директна закана за безбедноста на Русија.

Во меѓувреме, Обединетото Кралство го обвини Путин дека планира да постави промосковска фигура на чело на украинската влада.

Шефот на НАТО предупреди дека постои реална опасност од нов конфликт во Европа, откако околу 100.000 руски војници се собраа на границата.

Околу 90 тони американска „смртоносна помош“ пристигна во Украина, во услови на тензии поради акумулацијата на руски војници на границата. Велика Британија објави претходно оваа недела дека испраќа одбранбено оружје и дополнителни војници на обука. Неколку други членки на НАТО испраќаат воен материјал или распоредуваат сили.

Германија одби да испрати оружје во Украина, а наместо тоа понуди да испрати теренска болница.

 

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

anime online GoGoAnime Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Full

gogoanime in Komi Can’t Communicate

Bleach (Dub) Episode 365

animes online GoGoAnime JUJUTSU KAISEN