November 29, 2022 05:57
Балкан

Шефот на Беливук и водач на Кавачкиот клан, Радоје Звицер убиен во Панама

Вечерва нешто по 20 часот во Панама бил убиен водачот на „Кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишуваат медиумите во Србија и Црна Гора, иако нема официјална потврда.

Звицер важи за еден од основачите и водачите на „кавачкиот клан“ и еден од најголемите шверцери на кокаин во светот, можеби најголемиот дистрибутер на наркотици од колумбиските картели. Звицер е убиен само три недели по егзекуцијата на Јован Вукотиќ, лидер на ривалскиот клан „Шкаљарци“, кој беше убиен во Истанбул.

-Во моментот на убиството на Вукотиќ  во Истанбул престојувал и Звицер. Според достапните информации, после тоа се преселил во Иран. Дали навистина е убиен во Панама ќе се знае многу брзо. Инаку, веста за убиството на Швајцарецот кај нас стигна од Дубаи, изјави соговорник на „Новости“ близок до разузнавачките структури.

Се верува Звицер стои зад убиството на Вукотиќ, како и на претходните шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ пред неколку години во Атина.

Звицер пред две години преживеа атентат во Киев, кога неколку припадници на „шкаљарците“ пукаа во него, но иако беше погоден неколку ати, не усеаја да го убијат бидејќи во нив пукаше неговата сопруга.

Интересно е дека и двајцата убиени мафијаши, како и дел од атентаторите во Атина и Киев имале фалсификувани македонски пасоши.

Се смета дека Звицер е шеф на белградскиот огранок на „Кавачкиот“ клан, предводен од Веља Невоља.

Неговото име за прв пат се појави во јавноста во декември 2017 година, кога на Јутјуб беше објавен 15 минутен клип со детални информации за „Кавачкиот клан“, водачот на оваа група и нејзините членови. Потоа беа откриени детали кои не беа спомнати во јавноста, а кои се однесуваат на криминалните активности на овој клан, како и имињата на земјите во кои дејствуваат и лажните идентитети што ги користат.