October 24, 2020 21:53
Спорт

Шефилд ќе се засили со напаѓач од Ливерпул

Шефилд ќе се засили со напаѓачот на актуелниот англиски фудбалски првак Ливерпул, Рајан Брустер за 17 милиони фунти. Младиот 20-годишник има желба да замине од  „Енфилд” за да игра редовно.

„Црвените” првично немаа намера да се разделат со Брустер, но по последните трансфери се подготвени да го пуштат. Сепак, тие сакаа да биде вклучена клаузула во договорот за да можат да го вратат доколку нивниот играч се докаже како врвен играч.. Англискиот шампион се договори со Шефилд за таква клаузула, која ќе изнесува 40 милиони фунти.

Во втората половина од минатата сезона, Брустер играше на позајмица во Свонси и импресионираше со своите настапи во Чемпионшип дивизијата, постигнувајќи 11 гола на 22 натпревари.

Ливерпул сака да се раздели и со други играчи, но досега не успеа во тоа. Иднината на Дивок Ориги, Џердан Шакири и Марко Груиќ е нејасна во оваа фаза.