April 21, 2019 20:42
Балкан

Шест од десет грчки научници би се вратиле од странство во Грција

Речиси шест од десет научници од Грција (58 отсто), што живеат и работат во странство, сакаат да се вратат назад во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Национален центар за документација, пренесуваат грчките медиуми.

Како причина за овој нивни став, 70 проценти од испитаниците го споменале квалитетот на животот во Грција, а 42 отсто рекле дека тоа е желбата да бидат блиску до нивните семејства.

Предусловите што би им го олесниле враќањето во Грција, според испитаниците, се поврзани со зголемување на приходите (44 отсто) и со вработување во Грција во нивната област за која се специјализирани.

Истражувањето спроведено од центарот е во рамки на иницијативата „Мостови на знаење и соработка” чија цел е поврзување на грчки научници од целиот свет, јави дописничката на МИА од Атина.

Според објавените прелиминарни резултати во однос на намерите на испитаниците да се поврзат со Грција, 86 проценти истакнале дека се заинтересирани за активности што се однесуваат на пренесување знаење, пракса, технологија во Грција, а 84 отсто се заинтересирани за соработка со грчките Универзитети и истражувачки центри.

Нови вести

Во Црна Гора убиен таткото на водачите на „шкаљарскиот” криминален клан

Filip

Се финализира изградбата на џамијата во Атина

Filip

Во Грција лани регистрирани 117 случаи на расистичко насилство

Filip