October 17, 2021 17:46
Магазин

Шест месеци излегува лава од вулканот Фаградсфјал, во близина на Рејкјавик

  Денеска се навршуваат точно шест месеци откако почна ерупцијата на вулканот Фаградсфјал, во близина на Рејкјавик, што се смета за најдолгата ерупција во оваа земја во повеќе од половина век.

На 19 март беше регистрирана првата ерупција и отогаш лавата постојано излегува од кратерот на вулканот Фаградалсфјал.

Повеќемесечниот спектакл, што варира од бавен проток на лавата до подраматична ерупција на поголеми грумени, е голема туристичка атракција што на Исланд досега привлече повеќе од 300.000 посетители.

Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Ова е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во повеќе од половина век.

-Шест месеци е прилично долга ерупција, изјави вулканологот Торвалдур Тордарсон.

Меѓутоа, количеството на досега исфрлена лава, од 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.

-Ерупцијата е посебна заради релативно бавниот и стабилен проток на лавата, објаснува геофизичарот Халдор Геирсон.

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animefreak.ws: Watch Mahou no Chocolate animefreak Episode Full anime

https://animedao.nl boruto animedao

Watch anime online for free at AnimeHeaven animeheaven bleach

Pastebin: https://pastebin.com/u/animefreakws

Sxd quangnam: http://www.sxd.quangnam.gov.vn/Default.aspx?tabid=158&TLID=6526