December 3, 2022 10:03
Свет

Шест лица загинаа во вооружен напад во училиште во руска Удмуртија

Шест лица загинаа, а 20 се ранети во вооружен напад во училишт ето број 88 во Ижевск, главниот град на руската република Удмуртија, соопшти прес-службата на Министерството за внатрешни работи на републиката.

– Полицијата веднаш го пронашла телото на човекот кој отворил оган. Тој наводно извршил самоубиство. Во овој момент се знае дека во неговиот напад загинале шест лица, а околу 20 се повредени. Информациите се прецизираат”, се вели во соопштението.

Претходно претседателот на Удмуртија, Александар Бречалов изјави дека е убиен училишен чувар, а меѓу жртвите има и деца.