October 22, 2021 11:04
Спорт

Шест кандидатури за организацијата на Евробаскетот 2025

Во трка за организација на Европското кошаркарско првенство во 2025 година влегуваат: Кипар, Финска, Унгарија, Летонија, Русија и Украина.

Еврошампионатот којшто треба да се одржи во септември 2025 година, повторно ќе биде со четири земји домаќини, според формулата за повеќе градови-земји, која за првпат беше воведена во 2015 година.

Како и во претходните изданија, еден од четирите домаќини исто така ќе ја организира Завршната фаза на натпреварот.

Летонија, Унгарија, Русија и Украина поднесоа понуди за групната фаза, како и за завршната фаза. Во меѓувреме, Кипар и Финска испратија понуди за организирање на групната фаза.

За потсетување, Финска беше една од четирите земји што беа домаќини на Евробаскетот во 2017 година, додека Летонија беше домаќин на групна фаза во 2015 година.

– Задоволни сме што гледаме таква силна желба кај нашите национални федерации уште еднаш да го организираме Евробаскетот. Форматот за повеќе домаќини што го воведовме во 2015 година, се покажа како успешен и не само што помогна Евробаскетот да расте како натпреварување, во исто време и го стимулира развојот на спортот низ целиот континент, рече извршниот директор на ФИБА, Европа, Камил Новак.

Претходно, ФИБА Евробаскетот ќе се одржи од 1 до 18 септември 2022 година во Чешка, Грузија, Германија и Италија, а шампионот на Европа ќе биде промовиран во германската престолнина Берлин.

TwistMoe: Lupin III: Part III anime episode 50 online free at https://twistmoe.net anime websites

Website https://animetv.cc: Watch Omoi no Kakera animetv Episode Full top anime tv shows

https://animepahe.cc dubbed anime

Website https://aniwatch.pro: Watch Superbook 2 (Dub) aniwatch Episode 26 aniwatch me

Ihubbub: http://www.ihubbub.com/animefreakws

Piqs: https://piqs.de/user/gogoanimebe/