September 25, 2020 14:15
Свет

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите.Според податоците на метеоролошките станици, во поедини делови од регионот Еспириту Санто, од петокот паднале скоро 250 милиметри дожд, што предизвика големи поплави, иако врнежите од дожд престанаа денеска.

Спасувачите пријавиле три смртни случаи во градот Алфредо Чавез и уште три во Иконија, каде исчезнала една жена. Спасувачките екипи користеле кучиња за да го пребараат теренот во потрага по можни жртви.

Поплавата уништила три моста, носела автомобили, многу дрвја се паднати и куќи се прекриени со кал.

„Вакво нешто досега не се случило. Во Иконија, од количината на вода што падна, изгледаше како браната да попуштила“, рече заменик-претседателот на Државната спасувачка служба Виктор Мартиз.