April 14, 2021 15:37
Магазин

Шерон Стоун кршлива но доволно силна да продолжи понатаму бидејќи е преживувач

Актерката Шерон Стоун детално ги раскажа успоните и падовите на својот живот во автобиографија што содржи повеќе драма од холивудските трилери по кои е позната.

Насловот на книгата, The Beauty of Living Twice, се однесува на втората шанса што ја доби по мозочниот удар и крварење во мозокот во 2001 година.

Во мемоарите се потсетува и на нејзините рани години во Пенсилванија, на односот на родителите кон неа, открива дека понекогаш ја тепале. Книгата изобилува со шокантни откритија. Меѓу другото, дека таа и сестра ѝ Кели биле силувани од нивниот дедо кога биле девојчиња.

Во 2001 и’ била направена операција за отстранување на бенигнен тумор на градите.  Нејзиниот доктор  ѝ ги зголемил градите без нејзина дозвола и знаење, мислејќи дека така ќе изгледа подобро.

Споменува бројни негативни искуства со холивудските моќници, а за контроверзниот режисер Вуди Ален вели дека е исклучителен професионалец со кој имала позитивно искуство.

Во 90-тите, таа стана една од најголемите холивудски ssвезди благодарение на улогите во филмови како Total RecallBasic Instinct и Casino.

Книгата, објавена во Велика Британија во четвртокот, открива цврст преживувач зад имиџот на гламурозна филмска sвезда.

Стоун се здоби со статус на фетална жена, femme fatale, со трилерот „Основен инстинкт“.