November 12, 2019 00:25
Македонија

Шекеринска на вежбата Одлучен удар: Покажавме дека заслужуваме да бидеме членка на НАТО, сите комплименти до нашите војници и офицери

Северна Македонија ќе стане членка на НАТО, а денеска покажавме дека тоа го заслужуваме, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешната показна вежба на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар”.

„Република Северна Македонија набрзо ќе стане 30. членка на НАТО алијансата. Тоа значи не само седење на истата маса, туку и заеднички вежби, заедничка обука, заедничко учество во операции со кои се гарантира и нашиот и светскиот мир. Ние денеска овде на сите скептици им покажавме дека Северна Македонија има што да и понуди на Алијансата – има да и понуди обучени, професионални војници и офицери и има да и го понуди и овој одличен полигон Криволак, кој што ја покажа и својата сила и својот капацитет и своите потенцијали”, рече министерката.

Шекеринска истакна дека на овој начин највидливо, визуелно покажавме дека го заслуживме своето место во Алијансата. На војниците кои се вклучени во вежбата им оддаде вистинско признание за покажаните способности.

„Најголемиот напор и нашите најголеми комплименти навистина треба да отидат на оние илјадници војници и офицери кои што повеќе од месец  дена напорно работат на оваа цел и особено на оние стотина луѓе кои што речиси две години работеа за да вежбата Одлучен удар стане реалност. Ќе станеме членка на НАТО, денеска покажавме дека тоа го заслужуваме. Заедно сме посилни”, додаде министерката.

Вежбата „Одлучен удар” е најголемата вежба досега организирана во Северна Македонија. Вежбата започна на 05 јуни, а ќе трае до 09 јули. Вклучува над 2.700 припадници од вооружените сили на 6 држави – Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.

Нови вести

Шекеринска на граѓанска трибина: Како никогаш досега ги покачуваме платите во здравството, од 23 до 40%, во образованието до 20%, ќе растат и пензиите

Igor

Анѓушев: Платите и пензиите се зголемуваат поради растот на економските бројки

Igor

Шекеринска од Свети Николе: Наместо на споменици, ние покажавме дека парите можат да се инвестираат во 500 километри патишта, 43 градинки, училишта, водоводи

Igor