March 1, 2021 15:00
Македонија

Шекеринска: Мицкоски не може или не сака да излезе од сенката на Груевски и ја држат државата во заложништво

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, ги коментираше и случувањата во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека сегашниот лидер Мицкоски, не може или не сака да излезе од сенката на Груевски.

„Нивните работи ги оставаме за нив. Тоа што им се случува, и начинот како ги менаџираат различните мислења, не ме изненадува. Не можеа да бидат демократска партија на власт, и тоа не може да го видиме и во опозиција. Кога ќе видиме какви кандидати предлагаат. Гласавме за претседателот на ДИК, и знам дека на пратениците им се враќаа рацете кога гласаа. Но ние мораме да покажеме дека сме поразлични од нив и дека го почитуваме законот. И на тој тест ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ништо не се смени. Сега Груевски да се пресели и да е сокриен во зградата, истото ќе се случува. Мицкоски не може или не сака да избега од неговата сенка. Но, тоа си е нивна работа. Гласовите ги злоупотребуваат за да ја држат државата во заложништво, вели Шекеринска.

The Misfit of Demon King Academy (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/bGqR) Episode 13 at website https://kissanimeonline.com kiss anime monster

My Hero Academia Episode 13 at Funimation funimation shop