June 21, 2021 18:45
Македонија

Шекеринска – Метнар: Одлична одбранбена соработка, директна поддршка на Чешка за членството на Северна Македонија во ЕУ – потпишан Меморандум за техничка соработка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар, денеска пристигна во официјална посета на Северна Македонија. Упатувајќи му срдечно добредојде, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја оцени одбранбената соработка меѓу двете земји како одлична.

 „Чешка е навистина една од сојузниците кои ни пристапија помеѓу првите во поддршка и при справување со последиците со Корона кризата. Во изминативе 3 години имавме навистина многу интензивна одбранбена соработка особено во делот на нашите служби за безбедност и разузнавање кои веќе два пати беа директно поддржани од страна на своите чешки колеги. Дополнително во изминатиов период Чешка даде навистина сериозна поддршка за зајакнување и создавање на нашите капацитети за АБХО кои што се дел од нашите НАТО цели на способности. И јас очекувам дека таа опрема која што ќе оди директно кон нашата лесна пешадија веќе во август да биде тука и ќе биде на располагање на нашите единици како во услови на криза, така и во услови на операции” – рече Шекеринска.

 Таа упати покана за учество на чешките вооружени сили на заеднички вежби со македонската Армија на полигонот Криволак кој станува НАТО капацитет, и за заедничко користење на Центарот за односи со јавност кој прераснува во Центар за борба против лажни вести.  Шекеринска особено ја потенцираше и се заблагодари за еднакво силната поддршка на Чешка за членството на Северна Македонија во НАТО, но и во ЕУ.

 „Северна Македонија во НАТО покажа дека нашиот збор важи и дека она што ќе го најавиме можеме да го испорачаме. Сакаме тоа да го покажеме и во поглед на нашата втора стратешка цел, а тоа е почетокот на преговори со ЕУ. И денешнава средба и сите средби кои ќе ги има министерот за одбрана ќе бидат во знакот на големата благодарност на сите наши институции за континуираната поддршка на Чешка која што беше многу јавна, јасна и директна и минатата година во поглед  на нашето членство во ЕУ.Чешка и Северна Македонија ја делат визијата за стабилен Балкан. Ако сакаме да развиваме и стабилен Балкан, рецептот е и почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија. Затоа сакам да се заблагодарам за јасниот став кој Чешка го покажува дека преговорите со Северна Македонија мора да почнат” рече Шекеринска.

 Министерот за одбрана на Чешката Република Лубомир Метнар ја потврди одлучната поддршка на својата земја за членството на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

 „Западен Балкан за нас е долготрајно надворешен политички приоритет и нашите билатерални односи имаат силна традиција. Секогаш го поддржувавме влезот на Северна Македонија во НАТО, и драго ми е што минатата година целиот процес успешно се заврши. Верувам дека вашето членство во Алијансата дека ќе ја зајакне стабилноста во целиот регион. Сакам да потенцирам дека Република Чешка одлучно го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ” рече Метнар.

 Како дополнителен аргумент во јакнењето на билатералната соработка, денеска министрите за одбрана и внатрешни работи Шекеринска и Спасовски, со министерот Метнар потпишаа Меморандум за разбирање и техничка соработка меѓу трите министерства. Меморандумот отвора можност за усогласување и потпишување на Договор Влада со Влада за ремонт на транспортни хеликоптери на Министерството за одбрана и во МВР, што ќе ја подигне нашата борбена готовност, ќе ја засили нашата билатерална соработка, но ќе ги зголеми во истовреме и армиските и полициски капацитети за справување со кризни ситуации.

KissAnime kissanime one piece: Watch Redo of Healer Episode 6

AnimeFreak animefreak bleach: Watch Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. Episode 1 (https://animefreak.ws/m/01x6/ep-1)