December 1, 2021 14:31
Македонија

Шекеринска до семејствата на сите жртви во сообраќајната несреќа

Страшна трагедија! Сочувство до семејствата на сите жртви и брзо и целосно опоравување на сите повредени, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот фејсбук профил.

– Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли и сила ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани – вечен да им е споменот!, објави Шекеринска за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус регистриран во Република Северна Македонија доживеа сообраќајна несреќа при што загинаа 46 лица.