November 28, 2021 07:21
Македонија

Шекеринска во Брисел на прв состанок со физичко присуство на НАТО министрите за одбрана од почетокот на пандемијата

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, организирани со физичко присуство за прв пат по членството на Северна Македонија во Алијансата.

 

Шекеринска и министрите за одбрана на сојузниците на сесиите на Северноатлантскиот совет ќе донесат одлуки кои ќе ја зацврстат безбедноста на Алијансата и колективната одбрана, а ќе разговараат и на повеќе теми, меѓу кои и геостратешките предизвици за Алијансата, состојбата во Авганистан и соработката со ЕУ и партнерите со кои Алијансата и земјите членки споделуваат заеднички вредности.

 

Во Брисел, Шекеринска ќе има средба и со директорот на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

 

Делегација од Министерството за одбрана, во седиштето на НАТО ќе се сретне и со претставници од НАТО – агенциите за набавки, каде ќе стане збор за воспоставување на директна, постојана и ефикасна комуникација на Центарот за поддршка на компании во Министерството и двете НАТО – агенции со цел поголема ефикасност во поддршката на домашните компании за учество во НАТО – набавките.

Website https://animepahe.cc: Watch Anpanman: Star-Spirited Dollie (Dub) animepahe Episode Full animepahe

https://animekisa.in anime stream

Watch anime online for free at ANIMEFLIX animeflix aot

Urusei Yatsura Movie 2: Beautiful Dreamer (Dub) Episode Full

Votexity (Dub) (https://animeflv.uk/m/Mo77) Episode 2