August 12, 2022 02:34
Спорт

Швјонтек стана сопственичка на рекордна победничка серија во 21 век

Полската тенисерка и прв светски рекет, Ига Швјонтек денес ја победи Хрватката Јана Фет во првото коло на Вимблдон. Средбата траеше 1 час и 15 минути и заврши во два сета со резултат 6:0, 6:3.

По денешниот меч Швјонтек стана сопственичка на рекордна победничка серија во 21 век. Нејзината серија без пораз сега изнесува 36 натпревари.

Таа го собори рекордот на легендарната Венус Вилијамс за најдолга серија (35 победи).

Швјонтек рекордот може да го подобри веќе утре кога треба да го игра мечот со Лесли Патинама од Холандија во второто коло на Грен сломот во Лондон.